ФОТО: Адеми и Ристовски се радуваа на шампинскиот трофеј со своите наследници

Адеми Ристовски

Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, заокружија успешна сезона во дресот на Динамо Загреб.

Тимот од „Максимир“ се израдува на двојна круна и покажа дека нема конкуренција во хрватскиот фудбал. Дел од успешната година беа и двајцата македонски интернационалци.

Адеми како капитен сруши неколку рекорди, а Ристовски повторно, по радоста со Ријека во минатото, стана првак на Хрватска.

По мечот радоста кај сите фудбалери беше голема, а нашите репрезентативци позираа со трофејот покрај своите најблиски.

Адеми Ристовски