ВИДЕО: Адеми и Ристовски слават среде Лондон, Ц. Звезда како лидер во втората фаза во ЛЕ

Фудбалерите на Динамо Загреб не се откажа во намерата за елиминационата фаза во Лигата на Европа и во клучниот натпревар среде Лондон славеше над големиот фаворит Вест Хем Јунајтед (0-1) и го грабна второто место во групата Х, веднаш зад премиерлигашкиот тим.

  • Вест Хем - Динамо Загреб 0-1: 

Хрватскиот шампион по ремито против Генк во претходното коло, сам одлучуваше за останување во второто по ранг натпреварување на УЕФА и со евроголот на Мислав Оршиќ донесе голема радост на фановите, кои беа видно разочарани по поразот од големиот ривал Хајдук во последното одиграно коло во домашниот шампионат.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски од првата минута истрчаа на тревникот на „Лондон Стадиум“ и одиграа забележителна партија. Капитенот кој одново изгина на терен беше заменет во 71. минута, додека Ристовски го одигра целиот натпревар.

Голем резултат забележа и српскиот шампион Црвена Звезда, кој исто така во клучен натпревар се избори за реми на гости во Брага и ја грабна лидерската позиција во групата Ф, која што носи директен пласман во осминафиналето во Лига Европа (тимовите кои што ќе завршат на второ место ќе играат еден вид на шеснаесеттина финале против третопласираните во групите од Лигата на шампионите).

  • Брага - Црвена Звезда 1-1:

На полувреме мрежите во Португалија мируваа, но по само седум минути во вториот дел Галено од пенал донесе домашна радост, која што траеше 18 минути, откако Катаи, исто така од најстрога казна погоди за 1-1 и пласман понатаму на „црвено-белите“.

Од вечерашната програма во Лига Европа највозбудливо беше во Шкотска, каде што домашниот тим на Селтик со 3-2 славеше над Бетис, додека во Рим мрежите остана незатресени, на мечот меѓу Лацио и Галатасарај.

Состави

Дејвид Мојс

4-3-3

    Ante Cacic

    3-4-3