ФОТО: Адеми и Ристовски дел од „дрим-тимот“ на ХНЛ од осамостојувањето до денес

НХЛ

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се најде во најдобриот тим на Хрватската фудбалска лига (ХНЛ) од осамостојувањето на Хрватска.

Десниот бек, кој настапуваше во редовите на Ријека, ја доби довербата на фановите, кои го изгласаа во првиот тим. Заедно со него е и Аријан Адеми, македонскиот играч за врска кој ги брани боите на Динамо Загреб.

Формацијата на тимот е 4-4-2, а еве ги сите 11 имиња кои добија најмногу гласови:

Голман: 
Плетикоса
Одбрана
Ристовски, Тудор, Билиќ, Ибањез
Среден ред: 
Модриќ, Адеми, Крањчар, Просниечки
Напад: 
Едуардо, Манџукиќ

Најголема беше битката и дилемата околу тренерското име. Ненад Бјелица и Матјаж Кек водеа голема битка, која на крај ја доби екс тренерот на Динамо.

Анкетата ја направи порталот „Спортклуб“, која не донесе големи изненадувања во изборот на фудбалери.