21-годишен фудбалер ги остави сите фудбалски соништа и почина бранејќи ја Украина

Руската инвазија трае веќе неколку дена и за жал од час во час се бројата сè повеќе загубени човечки животи. Целиот западен свет го осуди нападот на Русија, а земјите од Европската унија, Соединетите Американски Држави и другите земји воведоа силни санкции кон Москва, но сè уште нема индиции дали ќе има прекин на борбените дејствија.

Утрово, објавена беше вест дека Русите влегле во Харков, вториот по големина град во Украина, а паралелно се водат борби во главниот град Киев, каде животот го загуби младиот фудбалер Виталиј Сапило, кој настапуваше за Карпати Лвов.

Сапило имаше само 21 година и ги остави сите свои соништа само за да помогне во одбрана на својата татковина, но за жал почина. Виталиј не е познато име во фудбалот, но ќе остане запишан во историјата на својата земја поради храброста што ја покажа.

„Загина бранејќи го нашиот главен град, кој Русите се обидуваат да го земат“, соопштија од Карпати.

Виталиј Сапило беше убиен во петокот вечерта во жестока битка во близина на Киев.