Кошаркарскиот клуб Пелистер забележа победа на гостувањето кај ТФТ (71-74) и така оствари клупски рекорд. Откако извојуваа по една победа против сите екипи во Првата лига, пелистерци на кратката зимска пауза заминуваат како лидери и ќе ја имаат првата позиција и при костурот за завршницата на Купот на Македонија. Овој резултат е клупски рекорд и најдобро постигнување во историјата на битолчани. Ова е втора година по ред како екипата заминува на новогодишната пауза на првото место.