Со освојувањето на Суперкупот на стартот на сезоната, Еурофарм Пелистер ги крена апетитите и најави борба за домашните титули, но лигата е на прагот да се загуби, а Купот се загуби по одличен кам-бек на Вардар во финалето во салата „Јасмин“ во Кавадарци (23-22). Ракометарите на најтрофејниот клуб ја удрија јубилејната „15-ка“ со стил и кам-бек каков што само Вардар знае да режира, а Еурофарм Пелистер повторно остана разочаран. Што ги чека битолчани по овој пораз, останува да видиме...