Кошаркарите на ТФТ Скопје третпат во Суперлигата запишаа победа на домашен паркет, овојпат против Пелистер со 89-78. Битолчани не успеаја да го надиграат домаќинот во СРЦ „Кале“, сала која остана неосвоива тврдина во разигрувањето. Пред пелистерци, тука паѓаа МЗТ Скопје и Феникс 2010, а ТФТ му направи услуга на првакот кој од оваа рунда е лидер.