Екипата на Струга Трим Љум ја продолжи одличната игра против Работнички во Скопје и со победа (1-3) на Арената „Тодор Проески“ во рамки на 25. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ја прекина низата од три порази во фудбалската елита во нашата земја. Вкупно осум натпревари во сите конкуренции Работнички не знае како да ја победи Струга. Последниот триумф дебармаалци го забележаа во 2020 на гостински терен.