Ракометарите на Вардар 1961 убедливо загубија на домашниот дуел со Веспрем (22-30), во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите. Момците на Давид Дејвис Камара одлично тргнаа, му зададоа главоболки на фаворитот и покажаа дека можат да се носат со притисокот. Сепак, следеше пад во играта, бековите целосно потфрлија и ги разбранија Коралес и Цупара. Иако атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ беше за десетка, фановите не успеаја да се израдуваат на позитивен резултат.