Фудбалската репрезентација на Македонија веќе втор ден ги одработува подготовките за стартот на новата сезона во Лигата на нациите. Четири меча во десет дена ги чекаат „рисовите“, а составот е подмладен поради отсуството на неколку првотимци. На овој тренинг исто така недостасуваа неколку играчи кои добија продолжен одмор. Но, наскоро Македонија ќе биде комплетна. Во фокусот на националниот тим во моментов е Бугарија која е прв ривал. Мечот се игра на 2 јуни во Разград.