Екипата на ТФТ од Скопје конечно забележа победа на домашно тло. По пет порази во серија, или вкупно седум ако се земат натпреварите и во БИБЛ-лигата, колективот од Тафталиџе дома славеше над Кожув (101-84) и се враќа во игра за плеј-офот. Тафталиџани на Боро Смилковски не го отворија натпреварот според планот и му дозволија на Кожув да има предност по десет минути игра (20-28), но потоа работите си дојдоа на своето место и победата дојде на контото на домашните. Ова е втора победа на ТФТ над Кожув сезонава, тимот сега скокна на позицијата број шест.