Екипата на Македонија Ѓорче Петров си ја оствари целта, го одбрани домашниот терен против Пелистер (2-0) и ја продолжи битката за едно од местата кои водат во евро-куповите следната сезона. Домаќинот играше офанзивен фудбал и заслужено ги грабна трите бода против фенерџијата, за четиринаесетто славје во ПМФЛ сезонава.