Победата против Прилеп е „шлаг на тортата“ за неверојатната 2021 година за најмладиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Со натпревар богат со голови и истакнување на бековите младите пелистерци ги израдуваа своите фанови и трасираа пат кон разигрувањето. Сега дури и место во евро-куповите не е невозможно, иако прва цел на клубот е развој на младите ракометари и подготовка за големи дела.