Ракометната репрезентација на Македонија одигра допадлив натпревар, но не успеа да го изненади големиот фаворит Словенија (25-27) во првиот натпревар на стартот на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и во Словачка. Пресудија техничките грешки и промашувањата во клучните моменти, кога требаше да се фати сериозен приклучок во средбата. Следниот натпревар за Македонија е на 15 јануари против селекцијата на Црна Гора (18:00), додека Словенија во истиот ден ја чека дерби-пресметка со главниот фаворит за тронот Данска (20:30).