Кошаркарите на Пелистер го заборавија поразот од Работнички и се вратија на победоносниот колосек во рамките на Суперлигата на Македонија. На паркетот во „Боро Чурлевски“ со леснотија падна тимот на Ангели (76-58). Во пресметката на лидерот и „фенерџијата“ во лигата, не можеше да се очекува поинаков исход. Пелистерци уште од стартот покажаа кој е кој, направија одлична разлика и рутински ја одбранија за 18. првенствено славје.