ВИДЕО: Пакјао загуби од Угас и го напушта боксот за да влезе во политика

Култниот боксер од Филипини, Мани Пакјао загуби од Јорденис Угас во борба за ВБА Супер титулата во велтер категорија во Лас Вегас. Пакјао беше поразен со едногласна одлука на судиите (115-113, 116-112, 116-112) и веројатно со пораз заминува во пензија. 

„Прво ќе се одморам, а потоа ќе ја донесам дефинитивната одлука”, изјави Пакјао, кому не му беше лесно да „фати ритам“ по двегодишна пауза од рингот. 

Мани Пакјао ќе се кандидира за претседател на Филипини. Со оглед на популарноста што ја има во својата земја, можно е да победи и целосно да го остави спортот за политиката.