Мајк Тајсон на ЛОИ: Тргна да му го одгризе увото на ривал! (ВИДЕО)

Неверојатна сцена се случи за време на бокс турнирот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ), откако ривал се обиде да го повтори потегот на легендарниот Мајк Тајсон.

Постарите љубители на овој спорт се сеќаваат кога „Железниот Мајк“ му одгриза уво на ривал. Нешто слично се обиде да направи и Јунес Бала од Мароко, кој тргна да му го гризне увото на Дејвид Нјик од Нов Зеланд.

Боксот на Олимписките игри е интересна категорија, пред се затоа што аматери се дел од овогодинешниот настан.