Баки Ајети прогласен за најдобар боксер на турнирот „Звонко Вујин“ во Зрењанин

Македонскиот бокс оствари голем успех во соседна Србија. На првиот Меморијален меѓународен бокс турнир „Звонко Вујин“ во Зрењанин, нашиот боксер Баки Ајети беше прогласен за најдобар боксер. Легендите на југсловенскиот бокс Тадија Качар и Мирко Пузовиќ беа дел од жирито, па признанието добива на тежина. 

Ајети во финалето со поделена одлука на судиите го совлада Марко Јојиќ од Србија со 3-2.

Резултати:
Финале:

54 кг. Василије Јањатовиќ (Србија) – Рион Бајрами (Македонија) 5-0
60 кг. Марко Јојиќ (Србија) – Баки Ајети (Македонија) 2-3
63 кг. Алтин Османи (Македонија) – Габриел Иван (Романија) 0-5

Полуфинале:
44 кг. Даниел Григорие (Романија) – Омар Фазли (Македонија) 5-0 ТКО, Р2
60 кг. Богдан Трифу (Романија) – Баки Ајети (Македонија) 2-3

На турнирот учествуваа натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Романија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Македонија и Србија.