Вилијамс ја најде замената за Расел

Екипата на Вилијамс мораше да реагира и да бара замена за Џорџ Расел кој замина во Мерцедес и по само неколку дена ја пронајде.

Ново име во редовите на Вилијамс ќе биде Алекс Албон. Возачот се враќа во Ф1 првпат по 2020 година кога возеше за Ред Бул, како и сестринскиот тим Алфа Тауро.

Во последната сезона во Ф1, Албон имаше два подиуми и неколку блескави моменти. Клупски колега ќе му биде Николас Латифи кој останува дел од тимот и догодина.