ВИДЕО: Верстапен прелета преку Хамилтон, „хало“ системот му спаси глава на Британецот!

Главните претенденти за титулата, Макс Верстапен и Луис Хамилтон се судрија и излетаа од патеката во Монца, во трката за Големата Награда на Италија. 

Холанѓанецот и Британецот се судрија на првата „шикана“ во втората кривина по стартно-целната рамнина. Очекувано, двајцата не попуштија во дуелот иако имаа можност за тоа, па по судирот на задните тркала, излетаа од патеката. 

  • Видео од суридот на Верстапен и Хамилтон: 

Британскиот возач од Мерцедес можеше да го извлече подебелиот крај, бидејќи доколку не беше „хало“ системот, болидот на Верстапен кој прелета преку него ќе завршеше во неговата глава.