Раиконен останува во карантин, нема да вози ниту во Монца

Поради позитивниот тест за корона вирус, Кими Раиконен ќе ја пропушти и трката за Големата награда на Италија. Неговото место во тимот на Алфа Ромео повторно ќе го заземе Роберт Кубица.

Финецот откри дека бил заразен пред трката за Големата награда на Холандија и веднаш морал да биде ставен во карантин.

„Потврдуваме дека резервниот возач Роберт Кубица ќе го замени Кими Раиконен на трката за Големата награда на Италија. Кими ја пропушти претходната трка поради позитивен тест за корона вирусот и сè уште не може да ни се врати. „Според барањата на здравствените власти, тој сè уште е во карантин дома“, се наведува во соопштението.

Кубица трката во Зандворт ја заврши на 15-та позиција.