Пандемијата причина за откажувањето на трката за ГН на Аргентина

Аргентина

Организаторите на трката за ГН на Аргентина соопштија дека настанот оваа година е откажан поради проблеми со коронавирус.

Тоа значи дека сезоната во Мото ГП шампионатот ќе брои само осумнаесет трки. До крајот остануваат шест настани, вклучувајќи ја трката во Арагон овој викенд.

„Пандемијата со коронавирус, логистичките ограничувања и оштетувањето на инфраструктурата се причини за откажување на трката“, гласи соопштението.

Две трки ќе се возат во Мизано, потоа следуваат трките во Соединетите Американски Држави и Португалија, а сезоната ќе заврши на 14 ноември во Валенсија.