ОФИЦИЈАЛНО: ФИА го казни Верстапен за инцидентот со Хамилтон

Макс Верстапен заработи санкција поради инцидентот со Луис Хамилтон на средината од трката за Големата Награда на Италија. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Верстапен прелета преку Хамилтон, „хало“ системот му спаси глава на Британецот!

На култната „Монца“, Холанѓанецот и Британецот имаа брутален судир, кој за среќа заврши без последици. Верстапен не отстапи од дуелот, а Хамилтон не му остави простор, па по судирот болидот на Ред Бул прелета над Мерцедесот. За среќа британскиот возач остана неповреден, сè тоа благодарение на безбедносниот „хало“ систем. 

Сега, по трката стјуардите на ФИА донесоа одлука да го казнат Верстапен со три позиции на стартот на следната трка. Холанѓанецот во Сочи ќе тргне три места пониско од местото кое ќе го добие по квалификациите, додека Хамилтон остана без казна и без вина за судирот во Монца. 

Трката за Големата Награда на Русија ќе се вози за две седмици, поточно на 26 септември.