Непоканет гостин на „Монца“: „И зајакот е побрз од болидот на Вилијамс“ (ВИДЕО)

И овој викенд Формула 1 шампионатот ќе биде во фокусот на љубителите на авто-мото спортот, а на денешниот тренинг на легендарната „Монца“ пристигна непоканет гостин.

Имено, во еден момент пред возачот на Вилијамс, Николас Латифи на патеката истрча зајак. Бидејќи Канаѓанецот излегуваше од кривина, немаше добар агол, па задоцни со сопирачката. Сепак, зајакот беше побрз и за „влакно“ му побегна на болидот на Вилијамс.

Тимот на Вилијамс оваа сезона го има еден од најслабите болиди во Формула 1 шампионатот, па фановите ја искористија оваа прилика да се пошегуваат на негова сметка: „И зајакот е побрз од вас“, беше еден од коментарите.