Луда трка во Арагон: Бањаја се „одбрани“ од Маркез и слави деби победа во Мото ГП 

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја дојде до првата победа во кариерата во кралската класа, откако денес славеше на трката за Големата награда на Арагон, 13-та во Мото ГП шампионатот сезонава.

Италијанецот забележа неверојатен триумф на патеката „Моторленд“, откако се „одбрани“ од нападите на осумкратниот светски шампион Марк Маркез и прв мина низ целта. Во последните три круга, возачот на Репсол Хонда се обидуваше да го претекне Бањаја на сите можни начини, што и успеа во неколку наврати, но возачот на Дукати секој пат возвраќаше. 

На крај, двајцата ги делеше 673 илјадитинки, а на подиумот им се придружи Жоан Мир од Сузуки.

Шампионот во  Мото 2 од 2018 година, претходно во својата кариера има забележано десет победи во пониските класи, а оваа денешната беше негова дебитантска во елитата.