Хамилтон: Макс знаеше што ќе се случи и намерно го направи тоа

Луис Макс

Луис Хамилтон и Макес Верстапен имаа судир на патеката „Монца“ и двајцата завршија брз пласман и без бодови.

>>> ВИДЕО: Верстапен прелета преку Хамилтон, „хало“ системот му спаси глава на Британецот!

Холанѓанецот со Ред Бул сакаше да го претекне својот ривал, а овој не му остави доволно простор, што заврши со инцидент и прекин на трката. На крај, стјуардите проценија дека грешката беше кај лидерот во генералниот пласман и го казнија со три места на следните квалификации.

„Излегов од боксот и го видов Макс како доаѓа. Тој не сакаше да попушти во дуелот. Знаеше многу добро што ќе се случи и намерно го направи тоа што го направи. Не знам што да кажам“, изјави Британецот по трката.

Нивниот судир го искористи Мекларен, за да слави 1-2 победа. Даниел Рикиардо заврши на првото место, пред клупскиот колега Ландо Норис.