Сезоната само што започна, а АК ОЛИМП од Битола ниже успеси

На Националното првенство во атлетика за средни училишта, кое се одржа во Куманово, атлетичарите на АК ОЛИМП остварија одлични резултати.

- Христијан Котевски освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 400 метри - мажи
- Јана Стефановска освои второ место во севкупен пласман во дисциплината 800 метри - жени
- Наталија Чона освои петто место во се купен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри - жени
- Стефан Туловиќ освои шесто место во севкупен пласман, а прво во својата група, во дисциплината 100 метри - мажи
- Дони Петличковски освои осмо место во дисциплината 800 метри - мажи
- Христијан Шаклевски освои дванаесетто место во севкупен пласман во дисциплината 1000 метри - мажи

Натпреварот беше во организација на Федерација на училишни спортови, помогнат од Атлетска федерација на Македонија